НАЈМНОГУ САКАЛ ДА ЈАДЕ ГРАВ СО СУЏУК, А СЕГА ИМА 3 МИШЕЛИН ЅВЕЗДИ Од сиромашен син на албански имигрант, до најдобар готвач на светот

Данскиот ресторан „Нома“ на Рене Реџепи, за кој сите, без оглед дали сме Албанци или Македонци, со гордост велиме дека е наш, е повторно на врвот на листата од 50 најдобри ресторани во светот, а само пред 3 недели ја доби и третата Мишелин sвезда.

9,027

Рене Реџепи, син на сиромашен македонски Албанец, успеа да ги убеди луѓето дека нема лоша храна и дека сѐ може да се претвори во вкусно јадење. Тој е инспирација за многу готвачи ширум светот, пред неколку недели ја доби третата Мишелин ѕвезда, а деновиве, неговиот ресторан „Нома“ повторно се најде на врвот од листата на 50 најдобри ресторани во светот. Имено, Нома беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010, 2011, 2012 и 2014 година. Ги затвори вратите во 2016 година и две години подоцна се пресели на нова адреса. Оттогаш, ги воодушевува гостите со специјални менија што се прилагодуваат на сезоната и на достапните намирници.

Реџепи e роден на 16 декември 1977 година во Копенхаген во семејство во кое немало пари за фрлање. Мајката со данско потекло била чистачка, а таткото  Албанец кој дошол во Данска од македонското село Џепчиште се занимавал со класични имигрантски работи – возел такси и автобус и работел на пазарот. Рене и неговиот брат доставувале весници како момчиња за да придонесат за оскудниот семеен буџет.






Рене дел од детството поминал во рурална Македонија, каде што оброците се готвеле три пати на ден.

Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини