ЗАЕВ САКА ДА ЈА ПРЕФРЛИ ВИНАТА ЗА ДА ГО СПАСИ ФИЛИПЧЕ Има пет причини за одговорност, огорчен е Зијадин Села
Петтата причина, според Зијадин Села, е присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостиг на медицински персонал. Тој додаде дека ова е директна одговорност на премиерот Зоран Заев.
– Па, за него, Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14 – те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денес дека ниту министерот за здравство, ниту заменик -министерот, ниту директорот ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност. И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина. Има многу елементи за кои обвинителството треба да постапува. Прво, 11 -годишен директор кој е вршител на должноста. Второ, градоначалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола општината. Трето, недостатоци на преградни sидови на објектите што би го спречиле ширењето на огнот. Четврто, недостаток на
Петтата причина, според Зијадин Села, е присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал. Тој додаде дека ова е директна одговорност на премиерот Зоран Заев.
Лидерот на албанската опозиција вети дека за пожарот во кој загинаа 14 граѓани во Тетово ќе има одговорност и покрај, како што рече, обидот да се сокрие вистината.