ДАЛИ ЧЕСТО ВИ ТРНАТ РАЦЕТЕ ИЛИ ПРСТИТЕ? Трпнењето на рацете може да укажува на сериозно заболување
Ако вашите раце често ви трнат, треба да обрнете внимание на овој симптом, бидејќи може да укажува на сериозна и опасна болест.
Најчувствителните рецептори за допир се наоѓаат на рацете, кои се поврзани со мозокот преку нерви. Меѓутоа, ако некои од овие нерви се оштетени или притиснати, мозокот не може да реагира на сигналите испратени од рецепторите, а потоа рацете почнуваат да пецкаат.
Експертите предупредуваат дека ако често ви трнат рацете, може да дојде до две опасни состојби. Едната е проблем со тироидната жлезда, а другата – мозочен удар.
Хипотироидизам или недостаток на тироидни хормони може да доведе до оштетување на нервниот систем, а трпнењето во рацете често се јавува како сигнал. Ако, покрај овој симптом, забележите и дека се дебелеете, деа ккосата ви опаѓа или постојано ви е студено, консултирајте се со доктор што е можно поскоро.
Лекарите додаваат дека чувството на трнење во рацете може да биде и сигнал за мозочен удар. Други симптоми вклучуваат искривена уста, тешкотии при зборување или неможност за јасно расудување, вртоглавица и заматен вид. Ако ги имате овие симптоми, веднаш побарајте медицинска помош.
Фото: Unsplash