ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА АБОРТУС Били Ајлиш сакала да го откаже настапот во Тексас

463

Пејачката Били Ајлиш настапила во Тексас на фестивалот Остин Сити Лимитс. Таму, во текот на нејзиниот настап, се осврнала на нивниот закон за абортус. Били ја искористила можноста за да ги поддржи правата на жените на абортус.

Во Тексас, со закон се забранува абортусот откако ќе се открие дека фетусот има срцева активност, што обично трае околу шест недели, пред повеќето жени да знаат дека се бремени. Не постојат никакви исклучоци.






– Ми се слошува од старите мажи. Замолчете , по ѓаволите за нашите тела – рекла пејачката.

Били вели дека размислувала да го откаже својот настап поради неодамна донесениот закон во Тексас, но сепак, настапила поради своите обожаватели.

– Поради овој закон, не сакав да настапувам затоа што сакав да го казнам ова место што дозволи ова да се случува. Но, тогаш се сетив дека вие сте жртви и дека заслужувате се` на светот. Мораме да им кажеме да ја затворат устата – рекла Били.

Потоа го кренала средниот прст и извикала: „Мое тело, мој избор “. Зад неа на сцената се гледал натпис кој што гласел „Bans Off Our Bodies“, мотото на националната кампања која се залага за безбеден пристап до репродуктивна здравствена заштита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини