„ЧУДЕСНИОТ ЛЕК“ УБИ 9 КОВИД ПАЦИЕНТИ Луѓето не знаеле што пијат, извештаите преправaни за да се прикрие причиата за смрт

Бразилски болнички ланец тестирал непроверен лек на повозрасни ковид пациенти, без нивно знаење, како дел од обидот на Болсонаро да го претстави „чудесниот лек“.

1,053

Најмалку 9 лица починале во текот на тестирањето во болничкиот ланец Превент Сениор од март до април 2020 година, но извештаите се променети за да се прикрие причината за смрт, изјавила адвокатката Бруна Морато при испитувањето пред Сенатот, пренесува Ројтерс.

Од Превент Сениор не одговориле на барањето за коментар.






Сопственикот и извршен директор на болничкиот ланец Педро Батиста признал при сведочењето пред Сенатот дека се променети извештаите на пациентите за да се отстрани секаква поврзаност со ковид-19 откако луѓето биле хоспитализирани најмалку две недели, со образложение дека повеќе не се заразни.

Тој негирал дека имало тестирања на пациенти со непроверени лекови без нивно знаење и тврдел дека пациентите сами барале да учествуваат во клиничките истражувања, а дека лекарите им препишувале лекови за кои сметале дека се добри.

-Лекарот е тој кој го препишува лекот и сите се сеќаваат на коментарот на претседателот Болсонаро и на други влијателни луѓе, така што имаше доста пациенти кои бараа рецепти – изјавил Батиста.

Морато, која застапува 12 лекари вработени во Превент Сениот, изјавила дека компанијата им се заканила и дека ги отпуштила лекарите кои не се согласиле со однапред одредената „ковид опрема“, во која имало хидроксихлорокин, еритромицин и евермектин. Нема научни докази дека овие лекови помагаат во лекувањето на ковид, додала таа.

На многу ранливите, повозрасни пациенти им е кажано дека има добар начин на лекување, но тие не знаеле дека биле заморчиња – нагласила Морато.

Таа рекла дека на лекарите им е сугерирано на пациентите да не им го објаснуваат начинот на лекување.

-Целта беше да се покаже дека постои ефикасен третман против ковид-19 – вели таа.

Таа тврди дека болницата сакала да ѝ помогне на владата на Болсонаро, која непроверени лекови сакала да ги претстави како ефикасен начин во битката против ковид, која ќе ги заштити Бразилците од зараза доколку се вратат на работа. Министерството за здравство не одговорило на барањето за коментар, а нејасно е колку владата знаела за наводното тестирање.

Поврзани содржини