„ЧУВСТВИТЕЛЕН ПОПИС ВО МАКЕДОНИЈА“ Како француските весници нѐ анализираат

Во 2002 година сме биле 2,1 милиони. Денес експертите велат дека не сме повеќе од 1,6 до 1,7 милиони. Во 2011 пописот бил сопрен кога веќе се попишале 1,3 милиони луѓе.

717

Францускиот дневен лист „Ла Кроа“ со репортажа се осврнува на пописот на населението во Северна Македонија, кој се организира по две децении „нарекувајќи го ултра-чувствителен попис“, пренесува дописникот на МИА.

„Поранешната југословенска република, каде што мнозинството Македонци словени живеат заедно со големо албанско малцинство, се нема преброено од 2002 година. Поради потенцијалното влијание врз етничките заедници, тоа е деликатна операција, извор на фронтовски битки“, пишува „Ла Кроа“.






Весникот потсетува и дека „пописот, од суштинско значење во земја која претендира да влезе во Европската унија, треба да се одржува на секои десет години, но досега наидуваше на силен отпор.“

Етнички квоти за етнички права

Францускиот весник потсетува дека Уставот на земјата дава одредени права за секоја етничка заедница која е повеќе од 20 отсто од населението, на национално ниво, како и на локално ниво. Како распределбата на одредени јавни функции, полицијата, војската или министерства, подлежи на етнички квоти. Употреба на различни јазици во официјални документи или во образованието исто така.

Во 2002 година Албанците биле 25 отсто, а земјата имала 2,1 милиони жители

Последниот попис се одржа една година по конфликтот во 2001 година меѓу албанските бунтовници и македонските сили.

Земјата тогаш имаше 2,1 милиони жители, две третини Македонци, 25 отсто Албанците, како и српско, босанско, ромско или турско малцинство.

Експертите велат не сме повеќе од 1,7 милиони во моментов

Но, оттогаш, експертите проценуваат дека населението паднало на 1,6 или 1,7 милиони поради масовната емиграција.

Во 2011 година беше прекинат обидот за попис, со обвинувања меѓу етничките заедници за обиди за зголемување на бројките.

Во 2011 се попишале 1,3 милиони луѓе и потоа било сопрено

Според националниот завод за статистика, неколку дена пред крајот на работата на 30 септември, повеќе од 1,3 милиони луѓе одговориле на прашања за нивната верска и етничка припадност, мајчин јазик, користен јазик, ниво на образование или приход.

Турците не прифаќаат помалку од 7 отсто

Но, операциите ги оспоруваат одредени заедници кои однапред ја обвинија социјалдемократската влада на Зоран Заев дека сака да ги фалсификува резултатите.

Пратеникот Димитар Апасиев, лидерот на левичарската опозициска партија Левица се залага за бојкот со образложение дека методологијата што се користи ќе биде неповолна за Македонците. Тој тврди без да даде докази дека 200.000 луѓе го следат неговиот повик.

Емин Хусев, претставник на турската заедница, предупреди дека ако „Турците се помалку од седум проценти, тие нема да ги признаат резултатите“. Истата приказна со ДУИ, албански партиципиент во владината коалиција, за која операцијата ќе биде нелегитимна доколку Албанците се најдат под 20 отсто.

Бугарија сака 130.000 Македонци со бугарски пасош да се бројат за Бугари

Проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија, која ја блокира кандидатурата на Скопје за ЕУ барајќи од земјата да ги признае нејзините „бугарски корени“, исто така се прелева и на пописот.

Во Софија, некои политичари го обвинуваат Скопје дека врши притисок врз 130.000 жители, кои имаат бугарски пасош да не се изјаснат дека имаат бугарско потекло.

Резултати од пописот ќе има тек во јануари 2022 година

Владата тврди дека недостатокот на демографски податоци го отежнува планирањето на потребите на населението и државата.

Правата на заедниците „ќе останат апсолутно исти“, вети Зоран Заев. „Главната цел е да знаеме колку граѓани имаме, колку живеат во странство за да можеме да планираме“.

Од своја страна, ВМРО-ДПМНЕ, десничарската опозиција, која првично се спротивстави на пописот обвинувајќи ја владата дека сака да го зголеми бројот на албанското население, а потоа се повикуваше и на ковид-кризата, на крајот заврши со приклучување кон него. Иако предупреди дека внимателно ќе ги следи резултатите, очекувани на почетокот на 2022 година, пишува „Ла Кроа“.

Поврзани содржини