ОВА Е МОЈА СОПСТВЕНОСТ Не сакале да му платат, па мајсторот зема чекан и направи хаос (ВИДЕО)
Сопственичката на куќата, Амбер Труке, рече дека изнајмила компанија за реновирање, но дека не е задоволна како ја завршиле работата. Како што вели, платила 3.300 долари од вкупно бараните 7.500.
Едно видео, на кое се гледа како мајстор уништува се што направил со чекан по реновирањето на стан во Колорадо, стана вирално и остави многумина без зборови.
Според ККТВ, изведувачот на реновирањето рекол дека неговите клиенти не сакаат да му ја платат договорената сума, па зел чекан и почнал да демолира сѐ околу себе.
– Вложивме денови и илјадници долари во тоа – рече мажот, а жената што го снимаше се обиде да го смири и го молеше да престане да ги уништува новопоставените плочки во бањата.
– Господине, ве молам престанете, ова не е ваша куќа па вие ја уништувате – му одговорила жената на прашањето дали некој ќе му плати.
– Ова е моја сопственост. Имам сметки за сѐ – рече човекот и потоа продолжи да удира по ѕидот.
Сопственичката на куќата, Амбер Труке, рече дека изнајмила компанија за реновирање, но дека не е задоволна како ја завршиле работата. Како што вели, платила 3.300 долари од вкупно бараните 7.500.
– Сега немам ништо за тие 3.300 долари што ги платив – вели сопственичката која го пријави инцидентот.
Полицијата го истражува случајот, а Труке се обрати и до државниот секретар, кој изјави дека никогаш не добил жалба против компанијата за која работи овој човек.