ПСЖ НЕ Е БАРСЕЛОНА Меси бесен, не се поздрави со Покетино (ВИДЕО)
Дури и при голот на Икарди за водство од 2:1, и покрај тоа што се случи ерупција на клупата и трибините, само Меси не покажа емоции дека е задоволен од случувањата на теренот и трите бода.
Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Лион на домашен терен во големото дерби од шестото коло во францускиот шампионат по драматична завршница со резултат 2: 1. Но, победата на „светците“ остана во сенка поради незадоволството на Лионел Меси, откако беше изваден од игра.
По првото полувреме без голови, Лион го шокираше домаќинот кога Пакета постигна гол во 54 минута за предност на својот тим.
Сепак, само 12 минути подоцна, Нејмар израмни и навести возбудлив крај.
Маурисио Покетино одлучи да го извади од игра Лео Меси во 76 минута, кој повторно одигра лошо, а на теренот го испрати Ашраф Хакими.
Messi didn’t shake hands with Pochettino pic.twitter.com/od8JkMfH0X
— Drizzy (@messiprimes) September 19, 2021
На Аргентинецот не му се допадна тој потег, кој видно незадоволен мина покрај Покетино и не сакаше да му подаде рака.
View this post on Instagram
Меси пропушти неколку обиди да запише деби погодок во дресот на ПСЖ.
До крајот на натпреварот, домаќинот успеа да избегне нов неуспех, по ремито во Лигата на шампионите, и да го задржи максималниот учинок преку Икарди.
Дури и при голот на Икарди за водство од 2:1, и покрај тоа што се случи ерупција на клупата и трибините, само Меси не покажа емоции дека е задоволен од случувањата на теренот и трите бода.
Тренерот Покетино даде интересно објаснување за играта на Меси.
– Донесов одлука да го извадам Меси за да го заштити и да не го повредам до крајот на играта. Пред нас се важни натпревари, сакам да го заштитам – рече тој.