ОСУМ ЗАГИНАТИ И 28 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ ВО ПЕРМ Напаѓачот го открил и датумот на социјалните мрежи
Според сѐ уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров.
Во нападот во универзитетскиот кампус во рускиот град Перм, убиени се најмалку осум лица, соопшти Истражниот комитет. Според агенцијата ТАСС, која се повикува на информации од Министерството за здравство на Русија, во нападот сеповредени 28 лица од нив 19 имаат прострелни рани.
Студентот кој го изведе нападот е идентификуван и е ранет при апсењето и е во тешка состојба. Против него е поднесено обвинение за убиство на две и повеќе лица.
Регионалното Министерство за здравство соопшти дека се повредени 19 лица од огнено оружје, но дека има и 9 лица повредени при бегањето и кога скокале од прозорците.
Неофицијално напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во кои го објаснува нападот и кажува дека го одбрал датумот.
– Избрав датум, ќе биде 20 септември. Се обидувам да ги проучам пролазите помеѓу зградите, за да можам да ги применам во мојот план во дворот на универзитетот – пишува наводниот сторител на социјалната мрежа.
Тимор тогаш напиша дека се мрази себеси и дека сака да ги повреди сите што му стојат на патот.
– Повикот стана уште посилен, како порок да ми ја стиска главата. Чувството дека е околу е сон, не ме напушта. Не гледам причина да напишам нешто друго. На крајот, можам да кажам дека не сум прв, ниту последен. Нема да ве спаси забраната за оружје, ќе ве убијат автомобили, бомби, ножеви, се што ќе ви дојде под рака Луѓето како мене ќе уништат се околу вас – напиша тој.
Наскоро на Твитер почна да кружи фотографија од наводниот напаѓач. Фотографиран е маскиран, со кацига на главата, а на себе има елек со муниција и подигнат среден прст. Корисниците на мрежата тврдат дека напаѓачот ја објавил оваа фотографија на своите социјални мрежи.
🇷🇺 According to preliminary data, the shooting was opened by 18-year-old Timur Bekmansurov, now he has barricaded himself in one of the university classrooms.
#Russia pic.twitter.com/1THTXnwolF
— The RAGEX – News (@theragex) September 20, 2021