НЕОПИСЛИВА УБАВИНА Прогонувачка слика од Мајката Земја ФОТО

Нашата планета Земја е прашина во космосот, која го носи својот скапоцен товар од целиот живот за кој знаеме дека постои во Универзумот, пловејќи по морето sвезди.

3,186

Фотографија од нашата мајка Земја остави без здив илјадници корисници на социјалната мрежа Фликр, а ја снимил астронаутот Томас Пекет од Меѓународната вселенска станица, пишува НаученАларм.

Нашата планета Земја е прашина во космосот, која го носи својот скапоцен товар од целиот живот за кој знаеме дека постои во Универзумот, пловејќи по морето sвезди.






Earth and stars

Понекогаш забораваме на тоа, дури и кога стоиме под небото преполно со блескав, далечен оган. Но, новата фотографија од астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА) е спектакуларен потсетник.

Тајната купола во вселената

Од Куполата на Меѓународната вселенска станица (ISS), Пекет успеа да ја слика ноќната страна на Земјата, завиткана во нејзината светлечка, етерична атмосфера, со сјајни светла на човечкото живеалиште во заднина на светкави sвезди.

„Неколку ноќни слики од Куполата: понекогаш sвездените светла се борат со градските светла за тоа кој е најсветлиот и поубавиот“, напиша Пескет на Фликр. „Имам среќа што станав судија“.

Блескавата атмосфера во фотографијата, исто така е зачудувачка. Се вика ноќно светло и е создадена од природни процеси.

Ноќниот сјај од кислород и азот

Небото над планетата Земја никогаш не е целосно темно, дури ни во текот на ноќта. Молекулите во атмосферата постојано се подложени на различни процеси, што предизвикува тие слабо да светат низ различен опсег на бранови должини.

Ноќниот сјај, кој се појавува ноќе, се јавува кога молекулите и честичките се разделуваат во текот на денот со сончево зрачење (процес наречен фотонизација) се рекомбинираат, ослободувајќи ја нивната вишок енергија во форма на фотони. На Земјата, ова се случува во слоеви-сино-зелениот слој на надворешниот раб, на пример, е од кислородот и од азотот.

Црвено-златниот натриумски слој

На помала надморска височина, пак, црвено-златниот слој се нарекува натриумски слој. Тука се распаѓаат метеори, ослободувајќи натриум во атмосферата. Фотонизацијата и рекомбинацијата на атомите на натриум потоа создаваат карактеристичен златен сјај.

Овој сјај е доста суптилен, како што може да биде светлината на ѕвездите во заднина – правењето такви фотографии бара доста трпение.

„Пропуштив повеќе од мојот дел“, објасни Пескет.

„Ви треба долго време со отворена бленда (блендата треба да остане отворена за да земе што повеќе светлина, бидејќи сцената е многу темна), така што не само што вие како фотограф морате да останете екстремно мирни додека ја држите камерата, туку и вселенската станица се движи толку брзо што и онака ќе има движење … сложеноста на фотографијата во вселената! ”

Ефект на пејзаж, виста, панорама

Горе во вселената, гледајќи во нашата планета, астронаутите често велат дека го чувствуваат она што е наречено „Ефект на пејзаж“: гледањето на Земјата како лебди во вселената, сјајна, а сепак некако деликатна, генерира моќно чувство за поврзаност на човештвото и заштита за неа.

Сликите како оние на Пескет можат да ни дадат мал увид во тоа како овој ефект всушност изгледа.

Инаку, сликата во висока резолуција можете да ја преземете од страницата на Пекет на Фликр.

Поврзани содржини