ЗБОГУМ АНГЕЛА МЕРКЕЛ За шеснаесет години не украде ништо и не вработи свој роднина

Германија се збогува со својата жена-лидер, со жена која беше физичар и квантен хемичар, која не падна во искушение од модата или од рефлекторите и воопшто не купи недвижен имот, автомобили, јахти или приватни авиони. Меркел заминува откако ја стокми Германија да биде на врвот. Таа заминува, а нејзините најблиски немаат никаква корист.

11,797

Каква беше Меркел овие шеснаесет години и во каква состојба ја остава Германија? Едно е сигурно. Германците уште долго ќе ја помнат како нескршливата лидерка која шеснаесет години не купи имот, автомобил, не вработи никој свој во администрацијата, никогаш немаше куќна помошничка, а ја направи Германија лидер на ЕУ. Еве како еден познат Германец, Александар Зинсер, шефот на компанијата WISeKey, се збогува од својата канцеларка.

„Како Германец, горд сум на нашата канцеларка, г-ѓа Ангела Меркел. Таа е првата жена-канцелар на Германија, многупати опишувана какоде факто“ лидерката на Европската унија и најмоќната жена во светот.






Ангела Меркел беше избрана од Германците за нивна канцеларка во 2005 година. Повеќе од 16 години таа покажа одличен пример за лидерство, вештина, посветеност и искреност.

Во тие шеснаесет години власт, немаше бунтови во нејзината земја. Таа не назначи ниту еден од нејзините роднини на државна функција. Таа не тврдеше дека е творец на славата.

Кога требаше да се збогуваат со неа, реакцијата на Германците беше без преседан во историјата на земјата. Целото население излезе на балконите и од своите домови и неодамна спонтано плескаше шест последователни минути. Бурни беа овациите низ целата земја.

Германија се збогува со својата жена-лидер, со жена која беше физичар и квантен хемичар, која не падна во искушение од модата или од рефлекторите и воопшто не купи недвижен имот, автомобили, јахти или приватни авиони. Меркел заминува откако ја стокми Германија да биде на врвот. Таа заминува, а нејзините најблиски немаат никаква корист.

Шеснаесет години, таа никогаш не го промени стилот на гардеробата. На прес-конференција, новинар ја праша Меркел: „Сфаќаме дека носиш ист костум, немаш друг?“ Таа одговори: „Јас сум државен службеник, а не модел“.

На една друга прес-конференција, ја прашаа: „Дали имате домаќинка што ја чисти вашата куќа, подготвува храна, итн. “ Нејзиниот одговор беше: „Не, немам слуги и не ми требаат. Јас и мојот сопруг ја работиме оваа работа секој ден дома“.

Потоа, друг новинар праша: „Кој ги пере алиштата, вие или вашиот сопруг?“ Нејзиниот одговор беше: „Јас ги пружам, а мојот сопруг е тој што работи со машината за перење“.

Меркел живее во нормален стан како и секој друг граѓанин. Таа живееше во овој стан пред да биде избрана за канцеларка на Германија. Таа не го напушти и не поседува ниту една вила, куќи, базени, градини.

Ангела Меркел, канцеларката на најголемата европска економија, засекогаш ќе остане одличен пример за лидерство, водена од вредностите, од принципот на несебичност, од фактите и од емпатијата кон другите“, вели г-дин Зинсер.

Поврзани содржини