КОЈ Е НОВИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР НА АВГАНИСТАН? Американците го извлекоа од затвор, а сега е лидер на талибанците

Барадар го потпишал договорот со САД во февруари 2020 година, а администрацијата на Трамп ваквиот чекор го поздравил како напредок кон мирот, но сега изгледа само како столб за целосна победа на талибанците.

909

Абдул Гани Барадар, талибански лидер ослободен од пакистанскиот затвор на барање на САД пред помалку од три години, излезе како победник на 20-годишната војна.

Додека Хаибатулах Ахунџада е врховен лидер на талибанците, Барадар е неговата десна рака. Светските медиуми пипуваат дека во неделата вечерта бил на пат од својата канцеларија во Доха кон Кабул.






Во телевизиска изјава за падот на Кабул, тој рече дека вистинскиот тест на талибанците само што започнува и дека тие мора да ѝ служат на нацијата.

Враќањето на Барадар на власт ја отелотворува неспособноста на Авганистан да избега од крвавите окови од минатото. Приказната за неговиот живот е приказна за непрекинатиот, безмилосен конфликт во земјата.

Роден е во провинцијата Урузган во 1968 година, тој се борел со авганистанските муџахедини против Русите во 1980. Откако Русите се повлекле, во 1989 година, земјата западна во граѓанска војна меѓу ривалските воени команданти три години подоцна.

Барадар формирал медреса (исламско училиште каде се подготвуваат идните муслимански свештеници) во Кандахар, со неговиот поранешен командант Мохамад Омар. Заедно ги основаа талибанците, движење предводено од млади исламски ученици посветени на верското прочистување на земјата и создавање на емират.

Талибанците дошле на власт во 1996 година по серијата зачудувачки освојувања на провинциските престолнини со што го изненадиле светот, исто како и движењето кое се случува во последните недели. Барадар, заменик на Мула Омар, за кој се верувало дека е многу ефикасен стратег, бил клучен виновник за тие победи.

За време на 20-годишниот егзил на талибанците, Барадар имал репутација на моќен воен лидер. Западните дипломати го сметале за крило на Куета Шура, талибанското прегрупирано раководство во егзил, кое било најотпорно на контролата на ИСИ и најподносливо за политички контакти со Кабул.

ЦИА го пронашла Барадар во Карачи, во 2010 година, а во февруари истата година го убедиле ИСИ да го уапси.

– Фаќањето на Барадар беше претежно поттикнато поради неговата улога во војната, а не поради веројатноста дека одеднаш ќе склучи мир – рече поранешен функционер, додавајќи дека факт е дека Пакистанците го држеле сите тие години затоа што тоа го барале САД.

Меѓутоа, во 2018 година, ставот на Вашингтон се менува и авганистанскиот пратеник на Доналд Трамп, Залмај Калилзад, бара од Пакистанците да го ослободат Барадар за да може да ги води преговорите во Катар.

Барадар го потпишал договорот со САД во февруари 2020 година, а администрацијата на Трамп ваквиот чекор го поздравил како напредок кон мирот, но сега изгледа само како столб за целосна победа на талибанците.

Сега е јасно дека Барадар и талибанците играле со време, чекајќи Американците да заминат и подготвувајќи се за последна офанзива. Животот го научил Барадар на трпение и доверба во конечната победа.

Поврзани содржини