ВМРО-ДПМНЕ СО СВОЈА ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТ Партијата вели тоа ќе биде вистинско народно одбележување на јубилејот

Во рамки на прославата ќе се одржи трибина, со наслов  „30 години се грижиме за Македонија“.

820

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола ќе организира прослава на  Денот на независноста. Според партијата, тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“.

Во рамки на прославата ќе се одржи трибина, со наслов  „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски поранешниот технички премиер Емил Димитриев и првиот градоначалник на Битола Златко Милошески.






Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Официјалната прослава на  Денот на независноста ќе се одржи пред Собранието во Скопје.

 

 

Поврзани содржини