КИЧЕЕЦ БИЛ ПУШТЕН ПОРАДИ ТАХИКАРДИЈА Прекинот од 30 дена не му се смета во затворската казна

Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а му бил одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

416

На осудениот Зоран Милески Кичеец му бил одобрен прекин на издржувањето на казната затвор поради дијагноза суправентрикуларна тахикардија, соопшти денеска Управата за извршување на санкции (УИС).

„Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, диспнеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот бил поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана му е терапија со amp. Presolol и amp. Cordarone и седација, после која дошло до нормализирање на срцевата фреквенција. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е ‘суправентрикуларна тахикардија’ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер ЕКГ, холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено“, се наведува во соопштението од Управата, која се повикува на своето решение за Милески од 10.08.2021 година.






Како што наведуваат од Управата, на осудениот Зоран Милески му бил одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл. 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите, во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година.

Казната затвор која ова осудено лице ја издржува во Казнено-поправен дом од отворен вид Струга, му трае до 09.09.2021 година кога Милески треба да се врати и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а му бил одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан во Охрид.

Поврзани содржини