СЕВЕРИНА ДОБИ СТАРАТЕЛСТВО НАД СИНОТ Но, колку дена и каде ќе живее со неа, а колку со Милан Поповиќ? (ФОТО)

1,064

Иако пејачката Северина неодамна објави фотографија со синот Александар, тој ќе пристигне кај неа дури оваа недела и ќе остане 14 дена, пренесува „Слободна Далмација“.

Извор близок до пејачката им открил и дека пресудата на Окружниот суд во Сплит била донесена уште на 5 јули, а била испратена до странките во август.






Потсетуваме, Окружниот суд донесе пресуда по повод жалбата на Северина, со што се промени пресудата на Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според новата пресуда, малиот Александар ќе живее со својата мајка 14 дена на нејзината адреса во Загреб и исто толку време со неговиот татко,  и тоа исто така на неговата пријавена адреса во Загреб, што значи дека Милан Поповиќ не може да го однесе во Србија.

Адвокатот на Северина, Мате Матиќ, неодамна потврди дека судот во Сплит донел одлука да го врати синот на Северина во нејзино старателство и истакна дека тие и понатаму имаат намера да се борат за пејачката да добие целосно старателство над детето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини