КИБЕР НАПАД ВРЗ АМЕРИКА Стејт Департментот на удар од хакери

Од безбедносни причини, во моментов не можеме да разговараме за природата или степенот на наводните безбедносни инциденти, изјави портпаролот на Стејт департментот за телевизијата Фокс Њуз.

341

Нов кибер-напад врз американскиот Стејт департмент ја потресе САД, иако тој нема да ја загрози мисијата за евакуирање на цивили, војници и соработници во Авганистан, пренесува МИА.

– Стејт департментот сериозно ја сфаќа својата одговорност за зачувување на податоците и континуирано презема чекори за да обезбеди заштита на информациите. Од безбедносни причини, во моментов не можеме да разговараме за природата или степенот на наводните безбедносни инциденти, изјави портпаролот на Стејт департментот за телевизијата Фокс Њуз.






Според Пентагон, во моментов е непознато кој точно стои зад нападот, но се претпоставува дека првото „напаѓање“ врз информациите на Стејт Департментот се случило уште пред неколку недели.

Поврзани содржини