КАРПОШ ЈА ПОВИКА ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА СПУШТИ ТОПКАТА Општината за утре стравува од насилство
Општина Карпош во ниту еден случај нема да дозволи насилство и ќе преземе сè што може за нормално спроведување на јавната презентација.
Општина Карпош во ниту еден случај не ја загрозува транспарентноста при носењето на сите детални урбанистички планови. Граѓаните имаат законски механизам да делуваат и да учествуваат во постапката на носење на Деталниот урбаинстички план, реагира општина Карпош на најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека утре во 13.00 часот ќе организира масовно присуство на јавната расправа за да го спречи донесувањето на ДУП кој се однесува на делот од Скопје во кој е и СП „Борис Трајковски“.
„Општина Карпош нема да го попречи правото на ниту еден граѓанин да поднесе анкетен лист и да учествува на јавната презентација. Но, организираното носење на партиски членови од повеќе општини и подигнувањето на тензии има за цел да придонесе кон насилни сценарија во Карпош и попречување на работата на општинската администрација. Утре, ВМРО – ДПМНЕ сака да ја повтори сликата од јавната презентација за ДУП – от за Трнодол“, се вели во реакцијата.
Од општината повикуваат граѓаните, граѓански организации и медиуми да не подлегнат на притисоците и во мирна и толерантна атмосфера да ја проследат јавната презентација од стручните служби.
Од општината, како што велат, очекуваат насилни проетсти и најавуваат дека ќе го спречат тоа.
„ Опозициската партија презентираше и своето предизборно сценарио за утрешниот ден. ВМРО – ДПМНЕ најави организација на насилни протести, на креирање на хаос и спречување на јавната презентација, која е дел од постапката за носење на ДУП – от. Општина Карпош во ниту еден случај нема да дозволи насилство и ќе преземе сè што може за нормално спроведување на јавната презентација“ , се вели во реакцијата.
Општината повика граѓаните, граѓански организации и медиуми да не подлегнат на притисоците и во мирна и толерантна атмосфера да ја проследат јавната презентација од стручните служби.
ВМРО-ДПМНЕ вчера и денеска упати повик го граѓаните утре во 13 часот да појдат во општина Карпош и да го спречатдонесувањето на овој план со кој , како што велат, се уништува најспортскиот дел од Скопје бидејќи ваков ДУП не смее да се донесе за Карпош.
За Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 04, блок 5 отворена е јавна анкета, од 05.08.2021 до 06.09.2021. Секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, граѓаните на Карпош можат да доставуваат анкетни листови, со свои предлози и забелешки за посочениот Нацрт ДУП.