КАКО ЌЕ СЕ ПРАВИ БУГАРСКА ВЛАДА БЕЗ ПОБЕДНИЦИТЕ Партијата на демократите на разговори го повикува и Трифонов
Во својот краток воведен говор, Радев го праша Иванов дали треба нешто да се смени во пристапот кон преговорите во рамките на Народното собрание за да може да се најде вистинскиот пат, бидејќи останува само уште третиот мандат од крстосницата дали ќе има ли не нова влада.
Копретседавачот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов за време на денешните втори консултации кај претседателот Румен Радев, во кои се прави обид за формирање нова бугарска Влада од расположливите сили во 46. Национално собрание, изјави дека преку разговор партиите може да најдат работна формула за да се искористи третиот мандат како кризен. Според него, клучниот елемент е подготвеноста на партијата победник на јулските избори „Има таков народ“ да влезе во овие разговори, бидејќи беа нив не постои начин тоа да се направи.
Во својот краток воведен говор, Радев го праша Иванов дали треба нешто да се смени во пристапот кон преговорите во рамките на Народното собрание за да може да се најде вистинскиот пат, бидејќи останува само уште третиот мандат од крстосницата дали ќе има ли не нова влада.
-Предизвиците бараат редовна влада – нагласи претседателот Радев, додавајќи дека за да се дојде до третиот мандат се потребни дијалог, компромис и коалиција. Тој истакна дека „Демократска Бугарија“ е активен фактор во досегашниот дијалог.