ШВАРЦЕНЕГЕР ОСТРО УДРИ ПО АНТИВАКСЕРИТЕ По ѓаволите со вашата слобода (ВИДЕО)

3,681

Поранешниот политичар и актер Арнолд Шварценегер (74) во интервју раскажал што мисли за луѓето кои одбиваат да се придржуваат кон мерките кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот.

– Вирусот е тука, ги убива луѓето и единствениот начин да се ослободиме од него е со вакцинацијата, носењето маски и со дистанцата. Треба постојано да ги миеме рацете, а не да размислуваме дека нашата слобода сега е загрозена.  Е…и вашата слобода – рекол тој за „Индипендент“.






Тој објаснил дека луѓето не можат да прават што сакаат ако тоа влијае на другите луѓе, па ги споредил „правилата на коронавирусот“ со сообраќајните правила:

– Поставуваме семафори за некој да не убие некого во несреќа, не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло, бидејќи тогаш некого ќе убиете – раскажал тој.

„Можеби имате слобода да не носите маска, но треба да ги чувате оние околу вас“, додал тој.

Арнолд видеото во кое зборува за актуелниот проблем го објави и на својот профил на Инстаграм, па тоа предизвика лавина реакции.

Додека некои се согласија со него, многумина му рекоа дека ги разочарал и да се тргне од политиката:

„Отсекогаш ми бевте пример, но оваа ваша порака навистина ме разочара“, напишал еден негов следбеник на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини