ТРАНСФЕРОТ ДОГОВОРЕН АМА И ПЛАТАТА Еве колку милиони ќе зема Меси по сезона
Договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година.
Поранешниот напаѓач на „Барселона“, Лионел Меси се договори за соработка ПСЖ. Се очекува тој денеска да пристигне во Париз, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер.
Според него, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 35 милиони евра без бонуси.
Меси играше за првиот тим на „Барселона“ од 2004 година. Каталонците не успеаја да понудат нов прифатлив договор за него, по што клубот објави заминување на Аргентинецот.