Мицкоски: Нема да бидеме дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски во Крушево

599

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали партиска делегација ќе оди утре во Крушево на церемонијата за одбележување на Денот на Републиката.

Досега ВМРО-ДПМНЕ секогаш испраќаше делегации на одбележувањето на Илинден во Крушево, a лидерот Мицкоски традиционално за одбележување на празникот оди во струшкото село Ташмаруништа, каде што рече дека ќе биде присутен и утре.






Портпаролката на опозициската партија Марија Митева вчера рече дека Пендаровски ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден и дека станува збор за срамен и недржавнички потег.

Претседателот на државата утре нема да има свое обраќање во Крушево. Пендаровски ги покани претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево на централна прослава. Замислата е дека со овој начин на прослава ќе се постигне поголема сплотеност и ќе се овозможи вистинско честување на Илинден како симбол на обединување.

Поврзани содржини