Прегазил жена на улица, па влетал во кафуле во Париз (ФОТО)

Инцидентот за кој се смета дека бил несреќен случај се случил синоќа околу 23 часот, а повредени се шест луѓе од кафулето, совозачот од автомобилот, додека возачот кој бил во тешка здравствена состојба, побегнал.

358

Автомобил покосил жена, а потоа продолжил и го урнисал кафулето во улица од 17-тиот округ во Париз, јавува Ројтерс, повикувајќи се на весникот „Ле Паризиен“.

Инцидентот за кој се смета дека бил несреќен случај се случил синоќа околу 23 часот, а повредени се шест луѓе од кафулето, совозачот од автомобилот, додека возачот кој бил во тешка здравствена состојба, побегнал.






Удрил ли автомобилот во друг автомобил пред да ја удри жената и да влета во терасата на кафулето? Очевидци од кафулето ѝ дале свои верзии на полицијата која сè уште трага по одговори. Улицата е во моментов затворена за парижаните, а полицијата на Твитер им порача на граѓаните да се држат подалеку од местото на настанот.

Поврзани содржини