Изгледа како вуду магија, а ефикасно е како средство против комарци

Ако се чудите што е оваа чудесија, веднаш да ви кажам, не е против уроци - против комарци е. И против здодевните муви

534

Иако ова набоцкано лимонче нликува по малку на некаква вуду-магија, не е тоа. Не е ефикасно ниту против уроци, ама затоа е испробано и ефикасно против комарци.

Знаеме веќе дека лимоните се здрави. Како дел од семејството цитрусни овошја, тие содржат низа нутриенти кои секојдневно му се потребни на организмот за правилно функционирање. Еден лимон со просечна големи, содржи речиси 100% од дневните потреби од витамин Ц. Покрај тоа, лимоните содржат и висока количина растворливи растителни влакна, околу 1г протеини, многу низок процент на масти и помали количества железо, калиум, цинк и калциум.






Каранфилчињата пак, иако се најпознати како зачин за колачи или како додаток во варена пченица, имаат и многу лековити својства: против забоболка, холестерол и лош здив, но и како превенција од рак на белите дробови.

лимоните и каранфилчињата немаат само здравствени придобивки, туку се корисни и за да се спасите од комарците и мувите.

Исечете го лимонот на пола и набоцкајте го со каранфилчиња.

Потоа само ставете го покрј вас, додека седите, додека јадете, додека спиете,…

 

Поврзани содржини