Војската направи пуч и го опколи парламентот во Тунис ВИДЕО

Демонстрантите утринава се судрија директно со војската и го извикуваа името на претседателот. Додека критичарите го обвинуваат Саид за обид за преземање на власта, останува нејасно кој и како ќе раководи со кревката демократија во Тунис. Земјата истовремено е и во „локдаун“ поради ширењето на коронавирусот.

432

Војската ја презеде власта во Тунис, откако пред неколку часа го опколи тунискиот парламент, не дозволувајќи му на претседателот Каис Саид да влезе внатре. Превратот на војската доаѓа по одлуката на Саид да го послуша народот на Тунис и да им ги одземе ингеренцииите на премиерот и на пратениците, поради лошото справување со пандемијата со коронавирус и економската беда во која живее земјата, а за што протестира илјадници граѓани, пренесува Нова.






Демонстрантите утринава се судрија директно со војската и го извикуваа името на претседателот. Додека критичарите го обвинуваат Саид за обид за преземање на власта, останува нејасно кој и како ќе раководи со кревката демократија во Тунис. Земјата истовремено е и во „локдаун“ поради ширењето на коронавирусот.

Претседателот Каис Саид искористи посебна одредба од Уставот која му овозможува да ја преземе извршната власт и да ја замрзне работата на парламентот на неодредено време, сè додека повторно не се овозможи нормалното работење на институциите. Тој им го одзеде имунитетот на пратениците и најави дека наскоро ќе назначи нов премиер, со цел да се врати социјалниот мир во земјата.

– Ја донесовме оваа одлука, која ќе биде на сила сè додека социјалниот мир не се врати во Тунис и додека не ја спасиме земјата – рече Саид во свое телевизиско обраќање.

Поврзани содржини