Села и Гаши за тротинетите на Османи: Ова е предизборен трик на ДУИ!
Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери, реагираат од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.
Во пресрет на локалните избори, министерот за надворешни работи Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дебар, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили, реагираат опозициските Алијанса на Албанците и Алтернатива на информацијата дека министрот Османи купил неколку тротинети за вработените во МНР.
„Сега, кога министерот не успеа во секоја област на одговорност, а ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери“, реагираат од коалицијата АА/А.