За 61 минута Ѓоковиќ го совлада Делијен, за награда Боливиецот му ја побарал маицата (ВИДЕО)

За пласман во 2. коло на Игрите во Токио на најдобриот светски тенисер му беа потребни 61 минута.

688

Србинот Новак Ѓоковиќ со рутинска победа го почна настапот на олимпискиот тениски турнир, совладувајќи го во 1. коло Уго Делијен од Боливија со 6:2, 6:2.

За пласман во 2. коло на Игрите во Токио на најдобриот светски тенисер му беа потребни 61 минута.






Следен противник на Ѓоковиќ биде 48. тенисер во светот, Германецот Јан Ленард Штруф, кој претходно денеска го совлада Бразилецот Тијаго Монтеира со 6:3, 6:4.

По завршувањето на мечот Делијен му ја побара маицата од Ѓоковиќ. На теренот тоа не се случи, меѓутоа можно е да се случило во соблекувалната.

Поврзани содржини