Актерката Ана Фарис се омажила за снимателот Мајкл Барет. Среќните вести ги открила во својот подкаст „Anna Faris is Unqualified“.
– Се вртам околу себе. Десно е мојот свршеник, сега мој сопруг. Да, тајно се венчавме – рекла Фарис и ја открила локацијата на венчавката.
„Беше тоа во локалната судница во сојузната држава Вашингтон. Беше прекрасно“, додала таа.
Ова ѝ е трет брак, а Фарис не сподели други делали за свадбата. Актерката ретко објавува фотографии од приватниот живот на социјалните мрежи па така не споделува ниту моменти со сегашниот сопруг.
Со Мајкл во 2017 започнале врска. Прв сопруг ѝ беше актерот Бен Индра, а потоа се венча со холивудскиот актер Крис Прат со кого го имаат осумгодишниот син Џек.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм