„Галф оил“ отвори бензинска станица покрај автопатот Е75 во Гевгелија

Од оваа година супер брзите автомобили на „Мекларен Аутомотив“ ќе ги користат моторните масла и специјално дизајнираните горива за мотори со високи перформанси на „Галф оил“.

788

На само шест километри по влезот во Македонија од граничниот премин со Грција кај Гевгелија, се наоѓа новоотворената модерна бензинска станица под брендот „Галф оил“ (Gulf Oil).

Следејќи ги високите светски стандарди на американскиот бренд, новата бензинска станица во Гевгелија, на површина од 2.566 м2 располага со современи пумпи, паркинг простор за лесни и тешки моторни возила, просторни тоалети опремени со тушеви, мини маркет со широк асортиман, „WI-FI“ интернет, а наскоро ќе почне со работа и модерен ресторан.






– Новата бензинска станица на своите потрошувачи им ги нуди врвните моторни масла на „Галф оил“, како и премиум горивата на светскиот бренд „екстрим дизел“ и „џи форс“, кои го подобруваат вбризгувањето на горивото во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво и овозможуваат оптимално согорување на горивото – наведуваат од компанијата.

Брендот „Галф оил“ повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти.

Уште една потврда за врвниот квалитет е партнерството со еден од легендарните тркачки брендови во Формула 1 – „Мекларен“, а од оваа година супер брзите автомобили на „Мекларен Аутомотив“ ќе ги користат моторните масла и специјално дизајнираните горива за мотори со високи перформанси на „Галф оил“.

Поврзани содржини