Десетици загинати и над 100.000 евакуирани во поплави во централна Кина (ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг како „исклучително тешки" ги опиша катастрофалните поплави со смртни последици во провинцијата Хенан, во централна Кина, јавија државните медиуми.

301

Големите поплави во централна Кина предизвикани од рекордни врнежи од дожд оставија најмалку 12 загинати, а повеќе од 100.000 се евакуирани од своите домови, објавија денеска државните медиуми.

Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени.






Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе.

Кинескиот претседател Си Џинпинг како „исклучително тешки” ги опиша катастрофалните поплави со смртни последици во провинцијата Хенан, во централна Кина, јавија државните медиуми.

– Поплавите однесоа животи и предизвикаа материјална штета. Ситуацијата со контролата на поплавите е исклучително тешка – рече кинескиот претседател, додавајќи дека настаните достигнале „критична фаза“.

Поврзани содржини