Викендов во делови на неколку скопски општини ќе нема струја

Дел од Ѓорче Петров ќе биде исклучен од мрежата на напојување со струја во период од 8 до 10 часот утре.

298

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија викендов ќе бидат дел од корисниците во неколку скопски општини.

Без струја в сабота од 8 до 10 часот ќе бидат корисниците од селата Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, и Кондово, во општина Сарај и Кучково и дел од село Волково во општина Ѓорче Петров.






Прекин на електричната енергија в недела од 4 до 6 часот ќе имаат корисниците од населба Шуто Оризари.

Во истиот период без струја ќе бидат и корисниците од населба Топаана, Чаир и Топанско Поле во општина Чаир, како и населба Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, населба Кучевишка Бара, Визбегово и Индустриска Зона-Визбегово, во општина Бутел.

 

Поврзани содржини