Твитер го блокираше Филипче, забележана била необична активност од тој профил (ФОТО)

Во предупредувањето објавено од Твитер се објаснува дека е „забележана необична активност од овој профил“.

1,425

Социјалната мрежа Твитер го забрани официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, па сега може да се прочита дека профилот е привремено ограничен за користење.

Исто така, во предупредувањето објавено од Твитер се објаснува дека е „забележана необична активност од овој профил“.






Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Одговор побаравме од Кабинетот на министерот за здравство, но оттаму сè уште не ни одговорија на прашањата.

Поврзани содржини