Го вакцинирале со четири дози од две различни вакцини

Ли објави снимка од неговата вакцинација со коментарот: - Ова е можеби најголемото уметничко дело на оваа епидемија. Триумф на слободниот човек над бирократијата.

588

Том Ли од Сиднеј прими четири дози од вакцината за коронавирусот – две „Фајзер“ и две „АстраЗенека“ со цел да ги „максимизира антителата“ и ја документираше својата „авантура“ на социјалните мрежи. Тој исто така тврди дека не украл вакцина од никого, иако „Фајзер“ се дава само на лица постари од 40 години и критични групи.

Првата доза на „АстраЗенека“ ја добил на 31 март. Тој ја примил и првата доза на „Фајзер“ истиот ден. Потоа добил втора доза на „АстраЗенека“ на 30 јуни, проследена со втора доза на „Фајзер“ во понеделникот во центарот за вакцинација кај Олимпискиот парк во Сиднеј.






фото: Твитер

Том Ли (34) ја документирал секоја своја вакцинација и веднаш се пофалил на Твитер.

Тој го предизвика делта сојот да ја „тестира својата сила“ и да „слета“ во Сиднеј.

Потоа тој објави снимка од неговата вакцинација со коментарот: – Ова е можеби најголемото уметничко дело на оваа епидемија. Триумф на слободниот човек над бирократијата.

Потоа следеа голем број коментари, од пофалби до обвинувања дека е „глупав“ и „себичен“, по што Ли го ограничи пристапот до неговата содржина.

Експертот за заразни болести Оксана Пизик од Универзитетскиот колеџ во Лондон изјави за „Sky News“, дека комбинацијата на вакцини произведува „девет пати повеќе антитела“. Сепак, сè уште нема научни докази дали и колку е ефикасна оваа комбинација.

Научниците го испитале ефектот што можат да го имаат две дози вакцини од два различни производители, но дури и тие студии сѐ уште се во рана фаза. Една таква – „Com-COV“, спроведена од Универзитетот во Оксфорд, покажа дека ако примате една доза „АстраЗенека“, а потоа и една доза „Фајзер“, заштитата е добра како и кога примате двојна доза „Фајзер“. Сепак, обратен редослед, односно прво „Фајзер“, а потоа „АстраЗенека“, дадоа послаби резултати.

Од друга страна, Светската здравствена организација вчера објави дека не препорачува мешање на вакцини од различни производители, оценувајќи го како „опасен тренд“.

Ли најави дека планира да оди кај неговиот општ лекар и да направи лабораториски испитувања на крвта, за да види каков ефект има одлуката што ја донесе за да добие вкупно четири дози од двајца различни производители.

Ли, исто така, тврди дека не украл вакцина од никого или дека бил вакциниран преку ред, но го чекал својот ред правилно и додал дека лекарите не ги отфрлаат луѓето кои се заинтересирани за вакцината.

– Јас не ја украдов вакцината од никого. Буквално чекав во ред да се вакцинирам. Вакцинацијата значи дека треба малку да се ангажирате и секој може да го стори тоа. Вработените во јавното здравство не се заинтересирани да изигуваат факцинална полиција за федералната влада – изјави тој за локалните медиуми.

Ли предизвика медиумски интерес затоа што во Австралија вакцината „Фајзер“ е достапна само за лица над 40 години и за оние кои работат во првите редови, додека „АстраЗенека“ се дава на секој што сака.

Ли вели дека се чувствува добро по втората доза на „Фајзер“ и дека не сакал да ја пропушти можноста подобро да се заштити од ковид-19.

– Сакав да ги зголемам антителата – објасни тој.

Од друга страна, главниот австралиски медицински службеник Пол Кели ги повика луѓето да се воздржат од комбинирање на вакцини бидејќи сè уште нема доволно релевантни податоци за нивната ефикасност и можните последици.

Поврзани содржини