Иако сите веруваа дека кралицата Елизабета Втора била најгласниот противник на врската помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, сега е откриено кој од кралското семејство не сакал тие да се венчаат.
Имено, станува збор за тетката на Хари, принцезата Ана, ќерка на кралицата.
Експертката за британското семејство, леди Колин Кембл неодамна изјавила дека принцезата Ана била главниот противник за склопувањето на бракот меѓу Хари и Меган, бидејќи сметала дека таа е „несоодветна“.
– Немој да ја ожениш таа девојка, таа не е соодветна – биле зборовите на принцезата Ана според наводите на леди Кембл.
Принцот Хари, и покрај сите противења, сепак се ожени со Меган Маркл, а епилогот на нивната приказна е познат ширум светот.
ФОТО: Јутјуб