Русковска за обвинувањата од Боки 13: Ако има докази дека работам незаконски, нека ги достави кај државниот обвинител
Боки 13, на денешното судење рече дека поседувал пораки од комуникација со Русковска според која таа била пристрасна, постапувала со умисла и редовно го информирала за сите истраги кои таа ги водела.
Обвинителката Вилма Русковска го повика Бојан Јовановски, ако има докази со кои како што денеска наведе обвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, била пристрасна и работела спротивно на законите, тоа да го пријави во државното јавно обвинителство, јави Сител.
– Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јавниот обвинител, Љубомор Јовевски – вели за Сител, обвинителката Русковска.
Боки 13, на денешното судење рече дека поседувал пораки од комуникација со Русковска според која таа била пристрасна, постапувала со умисла и редовно го информирала за сите истраги кои таа ги водела.