Обвинителството ја отфрли кривичната за силување против Бранислав Лечиќ

Бранислав Лечиќ и Данијела Штајнфелд во март се испрашани во полиција заради тврдењето на глумицата дека Лечиќ ја силувал во 2012 година.

1,046

Белградското вишо јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава на Данијела Штејнфелд против актерот Бранислав Лечиќ.

Како што јавуваат српски медиуми, сѐ уште не се познати причините за отфрлањето на кривичната пријава.






Бранислав Лечиќ и Данијела Штајнфелд во март се испрашани во полиција заради тврдењето на глумицата дека Лечиќ ја силувал во 2012 година.

Лечиќ ги отфрли сите обвинувања и тврдеше дека ниту сторил, ниту се обидел да го направи казненото дело силување.

Поврзани содржини