Турканици на „Табановце“ за влез во земјава се чека еден час
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин „Табановце“, за влез во државата се чека околу 45 до 60 минути, а на премините „Богородица“ и „Блаце“, за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.