Бајден ќе остави 1.000 трупи во Авганистан – за секој случај!

„Бајден не е во право на темата Авганистан, на ист начин како што грешеа и Џорџ Буш и Барак Обама, кои таму водеа безнадежна војна“, напиша рускиот сенатор Пушков на својот канал Телеграм, пренесува Новости.

593

До 1.000 трупи „за секој случај“ се очекува да остави американската војска во Авганистан, за да ја чуваат амбасадата и аеродромот во Кабул пред да се повлече од земјата по 20 години војување, пренесува Би-Би-Си.

По изјавите на претседателот Бајден дека САД не дојдоа во Авганистан да „градат нација“ и дека Талибанската опсада на Авганистан „не е неизбежна“, сѐ поизвесна станува окупацијата на оваа земја од силите кои некогаш ги предводеше Осама Бин Ладен.






Најновите информации говорат дека 85 отсто од територијата на земјата во моментов е под талибанска опсада. 

„Бајден не е во право на темата Авганистан, на ист начин како што грешеа и Џорџ Буш и Барак Обама, кои таму водеа безнадежна војна“, напиша рускиот сенатор Пушков на својот канал Телеграм, пренесува Новости.

Погледнете го видеото од двајцата Талибанци како го симнуваат знамето на Авганистан кое протече во иранските медиуми. Граничниот премин Кала уште е под опсада:

Пушков ја коментираше скорешната одлука на САД целосно да се повлечат од Авганистан до крајот на летото. За него, одлуката којашто прв ја донесе Доналд Трамп е правилна, но Американците не треба да имаат илузии дека Авганистан нема да потпадне под талибанска власт.

– Идејата на Трамп сега ја исполнува Бајден, но сепак, тој се обидува да се преправа дека Авганистан сè уште не е изгубен. Тој е изгубен – вели Пушков.

За Бајден, од друга страна, надежта последна умира. Освен што ќе остави 650 до 1.000 трупи да ги чуваат американските објекти и издатоци во земјата, Бајден им нуди американска виза на 2.500 Авганистанци кои ѝ помагаа на Амбасадата, преведуваа, толкуваа од авганистански и слично, во минатите 20 години. Досега, само половина од нив ја земале визата.

Во меѓувреме, конфликтот пак се разгорува. Талибанците кои бројат околу 75.000, ќе се соочат со авганистанската полиција и војска која има над 350.000 припадници. Но, дел од авганистанските трупи веќе се откажуваат од битката и се повлекуваат во други земји, за да избегнат судир со терористите. Главниот град Душанбе, побара помош од сојузниците за да се обезбеди јужната граница на земјата.

Ќе се „тргнат“ ли Американците од Авганистан до 11 септември, озглогласениот датум кога талибанецот Бин Ладен го направи најголемиот терористички акт на нивна територија? Првиот договор, од времето на Трамп, бил трупите да се повлечат до мај годинава, но тоа се одложи кога Бајден дојде на власт на 1 јануари.

Поврзани содржини