Русија ѝ го спори името на Франција: Шампањот не е шампањ!

Иронијата е дека на Французите уште им е дозволено да го користат терминот „шампањ“ ама само на предницата од шишето. Позади, етикетата отсега е резервирана само за производителите од руски Крим.

580

„Неприфатлив“ е рускиот закон со кој од петокот навака им се забранува на Французите својот шампањ да го етикетираат како „шампањ“, а наместо тоа треба да користат „пенливо вино“ на етикетата, изјавија француските винопроизводители. Слично како во спорот меѓу Македонија и Грција, Путин си го присвои терминот „шампањ“ за неговите вина од Крим, пренесува Би-Би-Си. Кога ние ќе ги заштитиме нашите македонски брендови?

Но, Французите брзо го возвратија ударот. „Моет Хенеси“, најпознатиот производител на шампањско во Франција, ги прекина испораките во Русија за време на викендот пред да ја додаде етикетата „пенливо вино“ на шишињата што ги испраќаше таму. Дебатата се разгори уште повеќе кога се вмеша и францускиот министер за земјоделие Денорманди, кој инсистираше дека само лозјата од местото Шампањ во Франција можат да ја имаат таа етикета. Така наложува францускиот закон, а тој е признат во цела ЕУ.






– Можете да ја замислите реакцијата на француските власти – рече г-дин Денорманди за француското Радио Суд. – Зборот шампањ доаѓа од оној прекрасен регион на Франција каде се произведува шампањ – рече тој.

Франција произведува околу 231 милиони шишиња шампањско годишно. Од извозот заработува околу 2,5 милијарди евра (2,1 милијарди фунти; 2,9 милијарди фунти), а најголемите клиенти и се Велика Британија и САД. Русија од Франција секоја година увезува скоро 50 милиони литри пенливо вино. Францускиот шампањ претставува 13% од овој пазар, а Моет Хенеси 2% од овој пазар.

Сето ова е обид на Путин да ја оживее индустријата за вино што ја имал Крим во времето на СССР, пишуваат француски медиуми, и тоа баш доаѓа сега, кога пред седум години Путин си го „врати“ Крим, анектирајќи го од Украина.

Иронијата е дека на Французите уште им е дозволено да го користат терминот „шампањ“ ама само на предницата од шишето. Позади, етикетата отсега е резервирана само за производителите од руски Крим.

Грчка фета, италијански пармезан, британско сирење … дали Англичаните први ги измислија меурчињата во шампањот?, се дел од реакциите во светот.

Додека Путин и Франција се борат за шампањот, Македонија и Грција ќе се борат за трговските маркички и брендот „Македонија“, што го најави грчкиот премиер Мицотакис уште при неговото доаѓање на власт, како обврска плус која произлегува од Преспанскиот договор, а за која треба дополнително да преговараат двете страни. На пример, натписот „ произведено во Македонија“ го има на многу прехрамбени производи кај нас, но и на производи од северниот дел на Грција.

Поврзани содржини