Некогашната пратеничка и шефица на скопската организација на СДСМ Софија Куновска на својот профил на Фејсбук реагираше за скандалозното бетонирање на дрвјата на кејот на Вардар во Скопје, кои вчера со хилта беа ослободувани од бетонот.
„Дека бетонирањето е грешка видовме.
И бетонирањето и кршењето на бетонот чини пари и за работна рака и за материјал.
Можеби ќе ве интересира
1. Кој е казнет за грешката?
2. Кој ќе ја надокнади штетата?
Edit: Супер вест. Се надевам ќе биде објавено кој и колку платил како и дали ќе му биде оневозможено повторно да биде ангажиран од Град Скопје“, напиша Куновска на Фејсбук.