РК Вардар се засили со Моралес и Бакари
Двајцата играчи потпишаа двегодишни договори и треба во Вардар да останат до 30 јуни 2023 година.
Македонскиот ракометен шампион Вардар во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интернационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Нови играчи на „црвено-црните“ се левиот и десниот бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.
Двајцата играчи потпишаа двегодишни договори и треба во Вардар да останат до 30 јуни 2023 година.
Дваесет и седумгодишниот Фанцузин Диало во Скопје доаѓа од тимот на Трембле, додека 34-годишниот Кубанец Моралес, мината сезона играше во Данкерк.
Вардар1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот ќе замине за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.