Украинските министри како фудбалери, заседаваа во нациоалниот дрес

Украинскиот премиер Денис Шмигал претседаваше со владината седница облечен со репрезентативниот дрес со бројот седум, што го носи капитенот Андриј Јармоленко.

229

Членовите на украинската Влада ја одржаа денешната седница облечени во дресовите на фудбалската репрезентација за да го прослават пласманот на националниот тим во четвртфиналето на ЕУРО2020.

Украина вчера во драматичен натпревар по две продолженија ја совлада Шведска со 2:1 и за прв пат во својата фудбалска историја обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европските првенства.






Победоносниот гол што и донесе на Украина четвртфинална пресметка против Англија, закажана за в сабота во Рим, го постигна Артем Довбјук во 121 минута.

Украинскиот премиер Денис Шмигал претседаваше со владината седница облечен со репрезентативниот дрес со бројот седум, што го носи капитенот Андриј Јармоленко.

Поврзани содржини