Британија повторно на мака со новоинфицирани од ковид-19

Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабела последиците од инфекцијата.

276

Во Велика Британија евидентирани се 26.068 нови случаи на заразени со ковид-19 што е највисок број од 29 јануари, како и 14 смртни случаи.

Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците наведуваат дека забрзаната вакцинација ги ослабела последиците од инфекцијата.






Претходниот ден, Велика Британија регистрираше 20.479 случаи.

Досега првата доза ја примиле 84,9 проценти од возрасните, а 62,4 проценти од граѓаните ги примиле двете дози на вакцина против ковид-19.

Поврзани содржини