ИТ компанијата „Скеил Фокус“ отвори канцеларија во Скопје
Секоја пофалба за создавањето 70 нови работни места во информатичко-технолошкиот сектор, но и проширувањето во ваква модерна канцеларија од 900м2 во центарот на Скопје, рече Заев и додаде дека пандемијата укажа дека дигиталната трансформација на компаниите се одвива побрзо отколку што очекувавме.
„Скеил Фокус“ е пример на компанија во областа на информатичко – комуникациските технологии која не ги запре своите активности и во време на пандемија, работеше посветено на реализацијата на инвестицискиот план кој е поддржан и од Владата согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, рече премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на отворањето на новата канцеларија на компанијата во Скопје.
– Секоја пофалба за создавањето 70 нови работни места во информатичко-технолошкиот сектор, но и проширувањето во ваква модерна канцеларија од 900м2 во центарот на Скопје – рече Заев и додаде дека пандемијата укажа дека дигиталната трансформација на компаниите се одвива побрзо отколку што очекувавме.
-Според последните официјални податоци, ИКТ секторот расте по сите основи. Вкупниот приход на индустријата во 2020 година бил речиси 1 милијарда евра. Тоа е раст од 12 отсто во споредба со 2019 година. Бројот на компании, исто така беше зголемен за речиси 200 нови компании во 2020 година со вкупно 2.378 компании кои работат во ИКТ секторот – објасни премиерот и додаде дека значаен пораст бележи извозот од македонските ИКТ компании, кој забележа 10 отсто стапка на раст. Тоа е за 230,81 милиони евра извоз во 2020 година.
Заев рече дека бројот на вработени е уште еден показател кој расте и сега брои 16.712 вработени во ИКТ индустријата во 2020 година.
– Тоа е постигнат раст од 8 отсто или 1.200 нови вработени во 2020 година во споредба со 2019 година. Годишната плата во компјутерското програмирање е 2,5 пати поголема од националниот просек. Платите во ИКТ индустријата пораснаа во 2020 година, достигнувајќи 1,646 евра вкупно во бруто износ – подвлече Заев.
Главниот извршен директор на „Скеил Фокус“ Бугарија, Иван Иванов и претседателот на Бордот на директори Пламен Цеков, во своите обраќања истакнаа благодарност до Владата и државните институции за поддршката и рекоа дека како инвеститори се чувствуваат многу добро во С Македонија и се задоволни од талентот на младите за инженерските и јазичните вештини, што е клучен чекор за понатамошен раст на компанијата во Западен Балкан.