Обилните дождови исфрлија тела кои пловат по Ганг, голема опасност од супер-инфекција! (ВИДЕО)

Семејствата во северна и источна Индија ги предадоа телата на нивните во блиските реки или ги закопаа во плитки гробници на брегот на реката, бидејќи немаа со што да платат за погребните церемонии во екот на инфекцијата во април и мај.

1,188

Делумно скриени во долгите трски, тела прекриени со платна тивко пловат по светата река Ганг, како потсетување за тоа како жестокиот бран на коронавирусот ги преплави индиските болници и крематориуми.

Семејствата во северна и источна Индија ги предадоа телата на нивните во блиските реки или ги закопаа во плитки гробници на брегот на реката, бидејќи немаа со што да платат за погребните церемонии во екот на инфекцијата во април и мај.






Сепак, почетокот на сезонските монсунски поплави предизвика силни струи по должината на водниот пат долг 2.500 километри, кои доведоа до исфрлување на дел од телата закопани на бреговите.

Официјални лица во Алахабад, еден од најсветите хиндуистички градови, каде милиони присуствуваат на погребните обреди, соопштија дека кремирале скоро 150 тела кои пловеле во последните три недели. Купишта дрва за погребни церемонии беа наредени покрај насипите во очекување на нови лешеви кои пловат по реката.

Ова може да предизвика опасни болести

Кога АФП ги посети околните области, десетици делумно потопени трупови беа видени во реката. Официјалните лица проценуваат дека до 600 тела биле закопани покрај Ганг во градот за време на инвазијата на вирусот. Но, локалното население верува дека ова е само дел од реалниот број и стравуваат дека во следните недели, брзите води би можеле да исфрлат повеќе тела од плитки гробови во песочните брегови. Други поголеми верски центри во северна Индија, како што е верскиот центар Варанаси кој е понатаму низводно, имаа слични проблеми.

Локалните жители стравуваат дека труповите, доколку не бидат отстранети, ќе бидат опасни за понатамошно загадување на еден од најзагадените водни патишта во светот.

– Ова може да предизвика опасни болести – рече Дипин Кумар, кој живее во близина на Ганг во Алахабад.

Полицијата патролира по реката и бара тела. Официјалните лица поставија два брода покрај брегот за да ги извлекуваат труповите, понекогаш со помош на локални рибари, но тие немаа многу успех во последните денови.

– Протокот е многу брз и тешко е да се извлечат телата – вели еден од полицајците.

Поврзани содржини