Арсовски: Кризниот данок којшто го воведува Заев директно им задира во џебот на граѓаните
Едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40 литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство.
Кризниот данок којшто го воведува Зоран Заев за горивата и СДСМ од 4,13 денари директно им задира во џебот на граѓаните. Лично Заев со своите наметнати давачки од почетокот на мандатот, до сега, давачките за литар гориво ги им зголемено за 14 денари по литар, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Повторно ќе потенцирам, едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40 литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство. Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев – вели Арсовски.
Според него, овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор. Транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и покачување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор.