Почина познатиот пејач Џони Солинџер
Рок ѕвездата претходно на своите обожаватели им соопшти дека има оштетување на функцијата на црниот дроб, меѓутоа не се избори со болеста.
Некогашниот пејачот на амариканската рок група „Скид Роу“, Џони Солинџер почина на 55-годишна возраст.
Тој групата ја напушти во 2015 година. Рок ѕвездата претходно на своите обожаватели им соопшти дека има оштетување на функцијата на црниот дроб, меѓутоа не се избори со болеста.
Членови на бендот ја потврдија тажната вест, пренесоа светските медиуми.
– Тажни сме што ги слушнавме вестите за нашиот брат Џони Солинџер, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите – навеле рокерите.