Погледнете го „Коронација“, забранетиот документарец кој го одбија и Амазон и Нетфликс (ВИДЕО)

Веднаш штом слушнал дека се појавила епидемијата и дека владата молчела за првиот случај со корона,  Веивеи им се јавил на активистите за да почнат да снимаат. Кинеските власти молчеa цели 22 дена, кога на 23 декември официјално почна „локдаунот“ во Вухан и седењето дома.

923

„Коронација“ или крунисување (Coronation) се вика новиот забранет документарец за корона на Кинезот Аи Веивеи. Иако на отворањето Веивеи беше потпишан како режисер, тој не го снимал филмот. Наместо тоа, познатиот дисидент добил 500 часови материјал од разни кинески активисти, па од нив формирал една целина. Аи Веивеи веќе им го врати пасошот на кинеските власти и не мисли да се враќа, бар не во моментов, пренесува  Јутарни лист.

„Коронација“ почнува со сцени од монтажна болница во Вухан и слики од импровизирани купатила. Сѐ како да се одвива во вселенски брод. Лекарот кој влегува во собата со пациентите мора да се дезинфицира цела вечност, а преку мониторот добива инструкции како да го стори тоа. Во болницата управува строга дисциплина, а Вухан делува како град на духови. Намирниците на луѓето им се доставуваат пред оградите, а семоќната кинеска администрација прави грешка што не сака да ја признае. Некои луѓе мора да живеат во своите автомобили затоа што немаат дозвола да се вратат дома.






Ако земеме предвид дека е направен од втора рака, „Коронација“ е импресивен филм. Веднаш штом слушнал дека се појавила епидемијата и дека владата молчела за првиот случај со корона, Веивеи им се јавил на активистите да почнат да снимаат. Кинеските власти молчеле цели 22 дена, до 23 декември кога официјално почнал локдаунот во Вухан и седењето дома.

Во една сцена, стара дама која била висок функционер во Кина од времето на Мао Це Тунг, му вели на својот син да не верува на сè што е објавено на Интернет, а дека вистинити се само соопштенијата на партијата и на полицијата. Во една друга сцена, млади луѓе во Комунистичката партија со маски на лицето викаат „Победа за Вухан, победа за Хубеи, победа за Кина“. Филмот зборува и за лични трагедии. Приказната за средовечен човек на кого му забрануваат да ја расфрли пепелта на својот татко, откако тој починал од корона во болница, е една од нив.

Аи Веивеи се надевал дека филмот ќе биде прикажан во Венеција, на Њујоршкиот филмски фестивал или во Торонто, но таму не бил прифатен. Режисерот смета дека неговите колеги од Запад не сакале да „крварат со Кина“, но селекторите цврсто ја побија оваа негова теза. Ни Амазон и Нетфликс не го прифатија.

„Зад црвените тули“ на Хонг Конг

Кина во моментов е силно погодена и од новиот документарец „Зад црвените тули“. За негови режисери се потпишале група луѓе од Хонг Конг – не ни може да биде поинаку во време кога кинеската полицијата сè уште ги апси учесниците во немирите во Хонг Конг од 2019 година. Тогаш, имаше големи протести против одлуката Кина да може да екстрадира и да суди луѓе од Хонг Конг, кршејќи ја автономијата на овој регион.

Врвот на немирите беше студентскиот штрајк на Политехничкиот колеџ кој траеше 13 дена. Филмот почнува со предупредувањето „Не пукајте за да се видат нашите лица!“. Полицијата ги излажала студентите дека ќе ги пушти тие кои ќе се предадат, а всушност ги ставила директно во полициски возила со лисици на рацете.

„Зад црвените тули“ е 90-минутна сага за изневерената револуција, една од безброј такви во Кина. Изневерена, затоа што во филмот оние кои први сакале да се борат со полицијата, вооружени со гумени куршуми, пластични штитови и гасни бомби, почнале да се караат меѓу себе и на крајот да бараат начини да избегаат од колеџот. Филмот бил стопиран уште пред да се прикажува во кинеските кина, но затоа го пречекале со акламации во соседен Тајван. Тој ја доби и наградата на Здружението на филмски критичари на Хонг Конг.

Поврзани содржини