Горан Пандев го даде првиот гол за Македонија на Европско

280

Горан Пандев го даде првиот гол на натпреварот Македонија – Австрија во 28-мата минута со што се израмни резултатот на 1:1.

Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Аријан Адеми, најави голема борба со австрискиот тим и максимално залагање во обид да се освојат првите бодови на евро-шампионатот.






– Како и на секој натпревар, така и на овој ќе дадеме сè од себе и се надеваме на што подобар резултат. Среќен сум и горд што сум дел од оваа македонска репрезентација. Против Австрија ќе ни биде многу тешко. Силна репрезентација. Ќе треба да вложиме многу труд ако сакаме да ги победиме. Сигурен сум дека можеме. Секој мал детал може да го реши мечот – изјави Адеми.

Натпреварот почна во 18 часот на „Национална арена Букурешт“.

Поврзани содржини