„Бисер балкански“ во еден глас се пее низ улиците во Букурешт ВИДЕО
Натпреварот кој за црвено-жолтите“ ќе биде деби на ЕП, ќе почне во 18 часот на „Национална арена Букурешт“
За дваесетина минути се очекува да почне историскиот натпревар за македонската фудбалска репрезентација , а македонските навивачи во Букурешт пеат македонски песни по улиците обоени во црвено-жолта боја. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од еуфоријата пред натпреварот со Австрија.
Селекторот Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот.
На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.
Натпреварот кој за црвено-жолтите“ ќе биде деби на ЕП, ќе почне во 18 часот на „Национална арена Букурешт“