Шилегов: На школо одев во работнички мантил, ја скратив косата за да бидам панкер

Ќе ме исклучуваа тога, наставници, па директорот, сите. Но потоа ја скратив долгата коса за да бидам панкер. Сите со плава кецела одеа на школо, а јас во работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот - вели Шилегов.

2,794

Учев во средното економско училиште „Борис Кидрич“, па сакаа да ме бркаат оттаму затоа што имав долга коса, раскажува скопскиот градоначалник Петре Шилегов за „Репортер“.

– Ќе ме исклучуваа тога, наставници, па директорот, сите. Но потоа ја скратив долгата коса за да бидам панкер. Сите со плава кецела одеа на школо, а јас во работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот – вели Шилегов.






Тој истакна дека го сака рокенролот и блузот, но дека не сака турбо-фолк.

– Да не ме сфати некој погрешно, сакам убава народна музика, ама не и турбо-фолк. Јас сум голем фан на Азра и на Џони Штулиќ, и тие плочи сè уште ги имам дома и ги слушам. Текстовите и критиките на општеството во песните отсекогаш ми се допаѓале – раскажа скопскиот градоначалник.

Поврзани содржини